Андре Силва заминува од Милан и се сели во моментален член на Чемпионшип


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот напаѓач од редовите на Милан, 22 годишниот Андре Силва во летниот преоден рок ќе си замине од „Сан Сиро“.

Иако 22 годишниот фудбалер е платен дури 38 милиони евра не се докажа како вистинско засилување. Постигна само осум голови на 26 натпревари и тоа сите во Европа Лигата, а во Серија А се уште е без погодок.

Затоа раководството на Милан се одлучи да го продаде и од лето веројатно ќе стане нов член на Вулверхемптон, клуб кој со крупни чекори ита кон Премиер лигата.

Се очекува во текот на летото Вулверхемптон да ангажира големи засилувања како би играл значајна улога во Премиер лигата.