Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медуми пишуваат дека Тјери Анри се надева дека во Монако би можел да пристигне фудбалерот на Челси, Сеск Фабрегас.
Искусниот Шпанецот има договор со клубот од Лондон до крајот на сезоната, а веќе беше поврзуван и со преселба во Милан, па уште не е јасна неговата иднина.
Тренерот на Челси, Маурицио Сари кажа дека сака да го има на располагање Фабрегас, но клубот не сака да му понуди договор на повеќе години, зашто има повеќе од 30 години.
Од друга страна, Монако би можел да му даде важна улога во екипата, а Анри се надева дека би можел да го убеди да се пресели во неговиот тим.
Анри и Фабрегас заедно играа во Арсенал, па останаа во добри односи и ќе видиме дали тоа ќе помогне за да се реализира трансферот.