Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Монако во моментов се наоѓа на разочараувачко место во француската Лига 1, иако пред две сезони играа во полуфиналето на Лигата на шампиони, па легендарниот Тјери Анри ќе треба да ја спасува сезоната.
Французинот во саботата седна на тренерското столче во Монако, каде што го замени Леонардо Жардим, кој доби отказ по катастрофалните резултати на почетокот на сезоната и само шест освоени бодови во девет одиграни кола.
Ова е прв самостоен ангажман за Французинот во тренерската работа, а проблемите се појавија веднаш. На гостувањето кај Стразбур нема да може да смета на своите први два голмани, Даниел Субашиќ и Диего Бенаглиа.
Наместо нив на голманската позиција ќе мора да биде Сејду Су, кој е трета опција во тимот.