Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По неколкуте авантури низ светот, еден од поранешните најталентирани играчи на балканот, Перо Антиќ се врати во Црвена Звезда, каде што освои титула.
Во интервју за српските медиуми, откри што планира да прави во иднина.
„Купот го имав и претходно, но дојдов по АБА лигата и домашното првенство. Не е тоа што сакав. Многу работи се случија, а на крајот ќе го паметам освојувањето на српската лига“, вели Антиќ.
На прашањето дали ќе остане во Црвена Звезда и неговите планови во иднина, Антиќ одговори:
„Кажав дека сакам да ја завршам кариерата. Но, чувствувам дека можам уште да играм, да се забавувам на теренот. Ќе видиме летово како ќе биде. Засега сум слободен играч“, додава кошаркарот.
Приоритет во конечната одлука ќе биде неговото семејство, а можеби тој ќе се пресели и во Македонија.
„Семејството ми е приоритет. Децата одат во училиште. По Америка самиот се вратив, иако имав понуда од Атланта да останам. Се вратив во Турција, а одев со авион да ги гледам во Скопје. Наредната локација каде што ќе играм мора да има директен лет или да биде блиску. Да не кажам Македонија“, објаснува одличниот Антиќ.
Целото интервју на кошаркарот можете да го тука.