Анчелоти воодушевен: Во Наполи пристигнува еден од најбараните напаѓачи во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанците се надеваат дека би можел да продолжи по чекорите на Кавани или Игуаин…

Наполи уште од изминатото лето посакува во своите редови нов напаѓач.

Иако Аркадијуш Милик влезе во добра форма, Карло Анчелоти смета дека уште еден дефанзивец би помогнал на неговата екипа во продлжението на сезоната.

Изборот падна на фудбалерот на ПСВ Ајндховен, Ирвинг Лозано, еден од најбараните напаѓачи во Европа.

Калчомеркато јавува дека Мино Раиола успеал да го убеди својот клиент да се пресели во Наполи без оглед на тоа што Мексиканецот беше мета на Челси и Манчестер Јунајтед.

Холанѓаните бараат 40 милиони за својот фудбалер што е прифатливо за италијанскиот клуб, а услуга му направи и Раиола кој успеа да го намали барањето на екипата од Ајндховен.