Анчелоти во Баерн го носи играчот кој ја грее клупата во Реал Мадрид


    Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Од своето доаѓање во Реал Мадрид, одличниот играч од средниот ред, Иско често е во немилост на менаџерите кои беа на кормилото на Реал Мадрид, а кога ќе добие прилика редовно го покажува својот раскошен талент.

    Таков случај е и оваа сезона под водство на Зинедин Зидан, но на сите им е јасно дека Иско повторно нема да биде избор кога сите играчи од средниот ред на тој клуб се повредени. Затоа, веќе неколку трансфер периоди, Иско е мета на многу гиганти на европскиот фудбал, но најновото име на клубот кој е заинтересиран за него е навистина изненадување.

    Според пишувањето на германските медиуми, Карло Анчелоти уште во јануари ќе се обиде да го донесе Иско во Баерн Минхен, најмногу поради тоа што Италијанецот веќе работеше со него во Реал и исклучително е задоволен од тоа што Иско го покажува на теренот. На Иско би му се гарантира место во стартната постава, па овој трансфер би можело да биде корисен за сите страни.