Анчелоти: Да сум тренер на ПСЖ би скокнал од мост!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалска Европа уште зборува за неверојатната елиминација на ПСЖ од Манчестер јунајтед во осминафинале во Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ победија со 3-1 на „Паркот на принцовите“ и на тој начин ја стигнаа предноста на парижаните од 2-0 од првиот меч.

Тренерот Оле Гунар Солскјер го надмудри ПСЖ, како и нивниот тренер Томас Тухел, а интересен коментар по мечот даде тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.

Италијанскиот тренер вели дека би скокнал од мост ако е тренер на ПСЖ и ако загуби на ваков начин.

„Беше тоа неверојатен меч. Да бев тренер на ПСЖ, не знам што би направил. Најверојатно би скокнал од најблискиот мост“, вели Анчелоти.

Анчелоти во својата тренерска кариера работеше во ПСЖ, Јувентус, Милан, Челси и Баерн Минхен.