Анчелоти не може мирно да спие, напаѓач не го заврши тренингот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата со Хумелс дополнително го загрижува италијанскиот тренер.

Не може тренерот на Реал мирно да спие пред патот во Минхен, но не може да спие ниту тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти. Зизу го мачи тоа што нема да може да смета на Пепе и Варан, а главната грижа на Анчелоти е тоа што Роберт Левандовски не го заврши денешниот тренинг.

Ме боли малку рамото. Ништо не е страшно. Мислам дека ќе бидам спремен за среда“, изјави Левандовски.

Дополнителни грижи му претставува Матс Хумелс кој е неизвесен за натпреварот против Реал Мадрид кој се во среда.