Анчелоти со жестоки критики: Во Италија нема фудбалска култура!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, кажа дека Италија не е доволно добра во некои работи и е назад во однос со другите земји.

Една од тие работи е атмосферата на фудбалските натпревари, но вели дека на Италијанците им недостига и фудбалска култура.

„Фудбалот стана глобален, но во странство се пред нас во однос на инфраструктурата и нивото на култура. Тука фудбалот го третираме како битка, додека во другите земји тоа е невозможно. Во Шпанија постои големо ривалство, но нема непријатности“, објасни Анчелоти.

Италијанскиот тренер вели дека на другите лиги им недостига тактички дел и поради тоа фудбалот од Италија може да се спротистави на другите лиги.