Анчелоти: Треба да бидеме загрижени, но исто и Ливерпул и ПСЖ треба да се!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти порача дека неговиот тим, Ливерпул и ПСЖ треба да бидат загрижени пред последното коло во групната фаза на ЛШ со обзир на тоа дека на никој нема да му биде лесно да се пласира во осмина финалето.

Ситуацијата во „групата на смртта“ го достигна врвот пред последното коло, а најзанимливо ќе биде на Енфилд каде што Ливерпул и Наполи во директен дуел ќе одлучуваат кој ќе биде патник во осмина финалето.

Анчелоти порачува дека неговата екипа во тој меч мора да оди на победа, бидејќи ако калкулира нема да биде агресивна како што треба да биде. Инаку, на Наполи му одговара реми против Ливерпул, но и секој пораз од еден гол разлика.

„Никој не помисли дека ќе бидеме први во оваа група и непоразени после пет натпревари. Значи, треба да бидеме загрижени, но треба да бидат и Ливерпул и ПСЖ на кој нема да му биде лесно во Белград“, рече Анчелоти за Скај Спорт и продлжи:

„Нема да имаме наши навивачи на Енфилд во таа мера колку што имаме дома, но веќе покажавме дека можеме да ги победиме. Едноставно е, не смееме да правиме калкулации. Одиме на победа. Мораме да го извлечиме максимумот во последните 90 минути“, порача тренерот на Наполитанците.