АО: Конта преку Возњацки стигна до 1/8-финале


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Џоана Конта се пласираше во 1/8-финале на Австралијан Опен откако во 3-то коло во Мелбурн ја победи Каролина Возњацки.

Таа победи за 1 час и 17 минути, со резултат 6:3 и 6:1, па во наредното коло ќе игра против Екатерина Макарова, која ја победи Доминика Цибулкова.

Конта во Мелбурн е 9-ти носител, немаше многу маки да излезе на крајот со тенисерката од Данска. Важен беше крајот на првиот сет и почетокот на вториот, кога таа направи 4 брејкови.

Конта минатата година играше ½-финале, кад ешто изгуби од Анџелика Кербер.

Конта го заврши натпреварот со 31 винери, а Возњацки имаше само 6, но и со вкупно 61 поен додека тенисерката од Данска освои 40 поени.