Аргентинските медиуми ја открија тактиката на Аргентина за Нигерија

Репрезентацијата на Аргентина вечерва игра решавачки натпревар во групната фаза на Светското првенство во Русија.

По два кола, Аргентина има само еден освоен бод, а мора да ја победи Нигерија во следниот дуел и притоа да очекува кикс на Исланд против Хрватска.

Ситуацијата во Аргентина не е добра, а веќе со денови се шпекулира дека Хорхе Сампаоли е само формално селектор, додека составот за Нигерија ќе го бираат играчите.

Притисокот на Аргентинците е голем од самиот почеток, зашто во нивната земја сè освен освојување на Мундијалот е голем неуспех. Пред Меси и останатите вечерва е голем предизвик, а медиумите утринава објавија можна формација на нивната репрезентација.

Наводно, Аргентина ќе игра во формација 4-3-3 и нема да експериментира многу.

Очекуван состав на Аргентина е: Армани, Меркадо, Отаменди, Фацио, Рохо, Билја, Банега, Маскерано, Ди Марија, Агуеро и Меси.