Аргентинците во шок: Откриено колку пари ќе земе Сампаоли ако добие отказ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина се врати дома по уште срамен настап на Светското првенство во Русија, а на удар на јавноста беше Хорхе Сампаоли.

Од Аргентина многу се очекуваше на Мундијалот, но од натпреварувањето се простија уште во осминафиналето. „Гаучосите“ со многу мака ги помина групите, но потоа испаднаа во осминафиналето.

Сампаоли ќе добие отказ во наредните денови од селекцијата на Аргентина, иако Фудбалскиот сојуз се обидува да го убеди да поднесе оставка. Во тој случај нема да му биде исплатена оштета.

Сампаоли нема таква намера, зашто е свесен дека ќе остане без богатство. Аргентинците немаат многу решенија, па доколку сакаат да му дадат отказ, ќе мора да му платат и 20 милиони евра.