Аргентинците го налутија Гвардиола: „Не може така да зборувате за мене!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се налути поради изјавата на претседателот на Аргентинскиот фудбалски сојуз, Клаудио Тапија.

Аргентинците по катастрофата на Светското првенство бараат нов селектор, а сите се сложни дека Гвардиола би бил најдобро решение, меѓутоа Тапија кажа дека немаат доволно пари за тренерот на Сити.

Оваа изјава го налути Гвардиола, најмногу поради тоа што вооопшто не разговарал со Аргентинците за преземање на нивната репрезентација.

„Аргентинците зборуваат лаги за мене и многу сум разочаран поради тоа. Не можат да кажам дека сум прескап, никој воопшто не ме контактирал, па така не може да знаат колку пари земам. Јас имам договор со Манчестер сити кој сакам да го одработам до крај, а Аргентина мора да ја води аргентински стратег бидејќи имаат многу добри тренери“, кажа Гвардиола.

Гвардиола, наводно, во Англија заработува околу 22 милиони евра.