Арда Туран доби луда понуда, што ќе каже Барса?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Речиси е невозможно да се одбие ваква понуда, турски фудбалер на искушение.

Кинескиот клуб Гванжу Евергранде спреми астономска понуда за Арда Туран.

Како што пренесува турскиот портал Фанатик, Кинезите се спремни да понудат на Туран неверојатни 50 милиони евра за тригодишен договор, што е навистина тешко да се одбие.

Во овој момент, сеуште не е откриено колку Гванжу е спремен да плати на Барселона за трансферот на Туран, но дефинитивно ќе се потруди да ги задоволи вкусовите на сите три страни.

Туран уште во летото беше поврзуван со премин во Кина, но Барселона се одлучи да го задржи и не погреши, бидејќи Арда е трет стрелец на екипата со 11 голови во сите натпреварувања.

Сега се прашува Туран, а се прашува и Барса, бидејќи Каталонците имаат доволно играчи во средниот ред, но делува дека тоа не е случај во нападот каде што Арда одлично се вклопува кога го менува Нејмар на лево крило.

Во секој случај, понуда од 50 милиони евра за три години во секој случај ќе го натера на размислување.