ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Како што пишува шпанскиот медиум „Ел Гол“ Арсенал се договорил со Севилја за трансферот на играчот од средниот ред, Стивен Нзонзи.
Наводно двата клуба постигнале договор за поранешниот играч на Стоук кој во својот актуелен договор со Андалузијците има откупна клаузула од 35.2 милиони фунти.
Французинот ќе пристигне на „Емирати“ за сума од 32.7 милиони фунти плус 2.6 милиони кои ќе бидат исплатени како бонуси.
Нзонзи е во конфликт со тренерот Берицо по натпреварот со Ливерпул и е на излезните врати од „Санчез Писхуан“.