Арсенал го посакува Саул Нигез


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неколку медиуми во Англија пренесуваат дека од Арсенал веќе стапиле во контакт со Атлетико Мадрид за да се распрашаат за услугите на Саул Нигез.

„Сан“ пишува дека „Топчиите“ наводно биле подготвени да ја платат неговата откупна клаузула која изнесува неверојатни 130 милиони фунти.

Саул пред некое време истакна дека е среќен во Атлетико и дека засега планира да остане меѓу „јорганџиите“ уште долг период.

Манчестер Јунајтед исто така се распрашувал за Саул, но засега поконкретни биле од редовите на Арсенал.