Арсенал „дебело“ се покаја: Засилувањето во кое веруваа го враќаат на стара адреса


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал ќе го врати Денис Суарез во Барселона.

Фудбалерот кој пристигна на „Емирати“ откако не можеше да добие шанса во Барселона, не се покажа најдобро во Лондон и повеќе не се поставува прашањето дали ќе остане во овој клуб.

Забележа само шест настапи за Арсенал и не беше стартер, а Емери смета дека овој фудбалер не се вклопи најдобро во англискиот стил на фудбалот и дека не му одговара што лигата бара добри физички предиспозиции.

Сега Арсенал ќе се насочи кон други шанси, па останува да се види кој ќе биде замена на крилните позиции.

Инаку, на Арсенал му преостанува голема работа до крајот на сезоната,
е се бори за првите четири позиции во Премиер лигата, но и за освојување на Лига Европа каде играат во четвртфиналето против Наполи.