Арсенал замената за Алексис ја најде во Франција


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Се поизвесно е дека Алексис Санчез ќе ги напушти редовите на Арсенал и ќе се пресели во Манчестер Сити. Многу е веројатно трансферот да се случи уште оваа зима.

Од Арсенал се во континуирана потрага по негова замена, а наводно изборот паднал на фудбалерот на Бордо, Малком. За младиот крилен фудбалер во последните денови се шпекулираше дека се интересира и Манчестер Јунајтед.

Малком минатата недела на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како учи англиски јазик, а тоа беше причина медиумите на големо да зборуваат за негова преселба на Островот.

„Скај Италија“ објави дека веќе се закажани состаноци помеѓу лица од Арсенал и Бордо на кои ќе се разговара за евентуален трансфер на младиот фудбалер. Бордо за услугите на Малком ќе бара околу 40 милиони фунти.