Арсенал им се врати на победите: Совладан Борнмут на „Виталити“ стадионот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Арсенал се врати на победите откако со 2:1 славеше на незгодното гостување на „Виталити“ кај екипата на Борнмут.

Натпреварот донесе многу возбудувања уште од самиот старт. Арсенал стигна до водство во 30. минута кога Лерма сам си ја погоди мрежата по одличното уфрлање на Сеад Колашинац.

Сепак, пред самиот крај на првиот дел Џошуа Кинг го изедначи резултатот на 1:1, па на пауза се замина во егал.

Во вториот дел Арсенал наметна игра и преку Обамејанг во 67. минута погоди за значајни три бода во битката за врвот на табелата во Премиер лигата.