Арсенал и Борусија се договориле за Сократис


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека Арсенал и Борусија Дортмунд се договориле за играчот од одбраната, Сократис Папастатопулос.

„Топчиите“ ќе исплатат сума од околу 16 милиони фунти за услугите на 30 годишниот грчки интернационалец.

Сократис ќе биде второ засилување во ерата на Унаи Емери како тренер на Арсенал откако претходно Арсенал го комплетираше трансферот на Стефан Лихштајнер кој дојде како слободен агент, а претходно настапуваше за Јувентус.