Арсенал му одржа лекција на Фулам (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал во 21. коло од англиската Премиерлига го совлада Фулам со 4-1 и така ја продолжи битката за четвртата позиција, која обезбедува пласман во Лигата на шампиони.

Гранит Џака погоди за водство од 1-0 на „топчиите“, а иако Фулам имаше неколку добри шанси, сепак не успеа да го совлада Бернд Лено во првото полувреме.

Александер Лаказет зголеми на 2-0 во 55. минута, а Абубакар Камара намали на 1-2 во 69. минута и така ја врати надежта на малиот лондонски клуб за да може да освои бод.

Сепак, во финишот од мечот, Арсенал стигна до трите бода по два одлични гола на Арон Ремзи и Пјер-Емерик Обамејанг за конечни 4-1.