Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанскиот тренер Унај Емери неодамна беше поставен за нов предводник на Арсенал, а на таа позиција стигна на местото на Арсен Венгер, кој претходно 22 години ги водеше „топчиите“.
Арсенал одлучи да го претстави Емери и на својот магазин, сепак кога излезе во јавност сфатија дека направиле неверојатна и смешна грешка на насловната страница. Сликата на Емери не е најдобро „позиционирана“ над натписот Арсенал, поради што се гледа само зборот – „Анал“.
Секако, грешката веднаш стана хит на социјалните мрежи, а навивачите на нивните ривали едвај дочекаа шанса да ги исмејуваат „топчиите“.