Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал игра многу подобро по пристигнувањето на Унај Емери на тренерската позиција на клубот, па тие се конкуренти за пласман во Лигата на шампиони.
Шпанскиот тренер сака да се засили дополнително во јануари, а „Тајмс“ пишува дека Арсенал решил да тргне по напаѓачот на Лил, Николас Пепе.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска се наоѓа во одлична форма, па на 13 настапи во француската Лига 1 постигна осум голови и пет асистенции.
Тој може да игра на сите позиции во нападот, а најдобро настапува како крилен напаѓач, па поради тоа Арсенал подготвил 27 милиони фунти за неговиот договор.
За неговиот потпис е заинтересиран и Тотнем, па не очекува лондонско дерби за потписот на талентираниот фудбалер.