Арсенал посакува аргентински репрезентативец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот „Мирор“ пишува дека од редовите на Арсенал се заинтересирани во клубот да го донесат аргентинскиот репрезентативец и член на Ајакс, Николас Таљафико.

Унаи Емери бара долгогодишно решение за левата бековска позиција, а изборот паднал врз фудбалерот кој е редовен репрезентативец на Гаучосите.

Начо Монреал и Сеад Колашинац се избор на Емери за оваа позиција, но и двајцата се подложни на повреди, па токму затоа Шпанецот се одлучил во тимот да донесе нов лев бек.