Арсенал се истури со петарда врз Линколн – Топчиите се полуфиналисти во ФА Купот (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал на Емирати го победија Линколн во натпревар од 1/4 финалето во ФА Купот, 5:0.

Волкот на почетокот на натпреварот пропушти шанса за погодок. Во судиското продолжение од првото полувреме Волкот шутираше, топката погоди противнички фудбалери и го остави Фарман немоќен.

Фарман го запре ударот на Жиру во второто полувреме. Неколку минути подоцна Жиру зголеми на 2:0.

Пет минути подоцна Ватерфол постигна автогол. Во период од три минути Санчез и Ремзи ги поставија конечните 5:0. Пред крајот на натпреварот Санчез имаше шанса за втор погодок, но ја погоди пречката.

Арсенал се пласира во 1/2 финалето во ФА Купот и е втор полуфиналист после Манчестер Сити.