Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот на Арсенал запиша убедлива победа од 5:2 во првиот натпревар од „Емирати купот“ кој традиционално неколку сезони е игра на стадионот на „топчиите“.
Гостите од Португалија поведоа уште на самиот старт преку Черви, но Тео Волкот набрзо со два гола во осум минути (24’ и 32’) направи пресврт и донесе предност за домаќините.
Салвио во 39’ минута го изедначи резултатот на 2:2 и со таков резултат се замина на пауза.
Меѓутоа не се чекаше многу во вториот дел за да видиме нов гол. Уште на самиот старт Лисандро Лопез си постигна автогол за водство на Арсенал од 3:2. Жиру и Ивоби ги постигнаа последните два гола на натпреварот.