Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извесно е дека Арон Ремзи во следните, шест или седум месеци ќе ги напушти редовите на Арсенал.
Клубот одби да му понуди нова соработка, актуелната му истекува на крајот на сезоната, останува да се види дали веќе во јануари ќе ја промени средината, или тоа ќе го направи по истекот на договорот.
„Топчиите“ веќе во јануари ќе се обидат да му пронајдат замена, а како што стојат работите тоа би можело да биде фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Имено, Андреас Переира сака да го напушти клубот од „Олд Трафорд“, по два старта на почетокот на сезоната, запиша само 21. минута во Премиер лигата, не успеа да се избори за место кај Мурињо и 22-годишниот фудбалер ќе се обиде да го издејствува својот трансфер веќе во јануари.
Бразилецот е на цена, Арсенал покажа интер, би можеле да го добијат поволно, со оглед на тоа дека и нему му истекува договорот на крајот од сезоната, иако „Ѓаволите“ имаат опција соработката со Переира да ја продолжат на уште една година, што го прави нешто поскап.
Сепак, се чини дека нема да опструираат и дека ќе го пуштат талентираниот играч за врска за пристојна цена, Арсенал ќе се обиде да го ангажира, но ќе има и конкуренција во градскиот ривал Челси.