Арсенал ја пронајде и ја објави снимката од нападот од трибините над Деле Али (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Арсенал ја пронајде снимката на која се гледа дека нивни навивач со пластично шипе го погодува фудбалерот на Тотенхем, Деле Али, во текот на четвртфиналниот меч во Лига купот.

Тотенхем синоќа како гостин на лондонското дерби славеше против Арсенал со 2:0, а 12 минути откако беше постигнат вториот погодок, Али е погоден во глава со пластично шише, кое беше фрлено од трибините.

Арсенал соопшти дека камерата го снимила „навивачот кој го напушта стадионот откако го фрлил шишето“.

Арсенал наведе дека соработува со полицијата и дека истрагата се продолжува за виновникот да биде уапсен.

„Сите сме засрамени поради поединецот“, наведе Арсенал во извинувањето упатено на Деле Али.

Британските медиуми пренесоа дека Али нема да биде казнет поради однесувањето, откако со раце гестикулирал кон навивачите на Арсенал покажувајќи го резултатот 2:0.

https://youtu.be/nmRzamllGIA