Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Астон Вила потврдија дека нов тренер на клубот во следниот период ќе биде Дин Смит, додека Џон Тери ќе биде негов асистент.
Во јавноста имаше многу шпекулации за можните наследници на Стив Брус, а на крај изборот падна на досегашниот тренер на Брентфорд. Астон Вила ќе мора да исплати одредена сума за „Пчелите“ затоа што ги обезбеди услугите на нивниот тренер.
За 37 годишниот Тери пак ова ќе биде прво тренерско искуство откако пред една недела и официјално објави дека ќе се пензионира.
Во клубот од Бирмингем пристигна и Хесус Гарсија Питарх кој е назначен за нов спортски директор на клубот.
We are delighted to announce the appointments of Dean Smith as our new Head Coach, John Terry as Assistant Coach and Jesus Garcia Pitarch as Sporting Director ✍️
Full story ? https://t.co/gNj5QrSa7c#OneOfOurOwn #AVFC pic.twitter.com/HUPSQ8BiDz
— Aston Villa FC (@AVFCOfficial) October 10, 2018