Астон Вила го потврди трансферот на Тери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Астон Вила и официјално го потврдија трансферот на Џон Тери кој во клубот доаѓа како слободен агент.

Легендарниот фудбалер од одбраната со клубот од Бирмингем потпиша договор во времетраење од една година.

„Пресреќен сум што се приклучувам на Астон Вила. Тоа е клуб на кој сум му се восхитувал низ годините. Вила Парк е еден од најубавите стадиони во земјата и тука има добра група на играчи со искусен и успешен тренер како Стив Брус. Едвај чекам да стартувам и да му помогнам на тимот да постигне успеси оваа сезона“– коментираше Тери веднаш по потпишувањето на договорот.