Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот шпански голман Икер Касилјас би можел да го промени клубот. Тој во моментов настапува за Порто, а би можел да се пресели во Чикаго.
Во својата 20-годишна кариера Касилјас настапуваше само за Реал Мадрид и Порто, а според шпанските медиуми сега би можел како многу ѕвезди да замине во САД.
„АС“ пишува дека Чикаго ја разгледува можноста да го ангажира Касилјас, а тоа би можело да се случи на крајот на сезоната.
Касилјас е еден од ретките кои ги освоиле сите трофеи. Со Реал освои пет шампионски титули, два купа, четири Суперкупа, три Лига на шампиони, два европски Суперкупа… додека со Шпанија го освои и Европското првенство и Светското првенство.