Атлетико соопшти добри вести за Торес!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид Фернандо Торес вечерва доживеа тешка повреда на главата во натпреварот со Депортиво.

Шпанскиот фудбалер после еден воздушен дуел ја удри главата од земја после што остана да лежи на теренот, но со брза интервенција на соиграчите и лекарите е спречена катастрофа.

Торес од теренот е изнесен на носилки и итно е префрлен во болница, но се чини дека повредата, за среќа, не е тешка каква што што се чинеше од прв момент.

Од Атлетико вечерва издадоа кратко соопштение во кое порачаа дека состојбата на Торес е стабилна и дека е при свест после тешкиот пад.

Популарниот Ел Нињо ноќта ќе ја помине во болница и наутро следат дополнителни прегледи кои ќе покажат колку повредата е сериозна.

Да потсетиме, Торес се повреди во 85 минута од натпреварот на Риазор каде што Атлетико Мадрид и Депортиво Ла Коруња одиграа 1:1.


gajXme9ipPuCGWEE by goloviliga