Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новајлијата Гирона му приреди незгоден натпревар на тимот на Атлетико Мадрид на домашен терен по кој двата тима ги поделија бодовите.
Новиот член на шпанската Ла Лига се покажа како “тврд орев” во првото коло од новата сезона, откако остана несовладан на свој терен против Атлетико Мадрид.
Во првото полувреме Кристијан Стуани погоди двапати во мрежата на Атлетико и го стави мадридскиот тим во голема конфузија. Во второто полувреме играчите на Атлетико беа многу поконкретни кон голот на Гирона. Но, најпрво беше исклучен Гриезман поради втор жолт картон кој го заработи заради симулирање, па потоа Анхел Кореа даде прекрасен гол за да ја врати надежта кај мадриѓаните. Конечниот резултат го постави стоперот на Атлетико, Хозе Хименез, кој по еден прекин погоди со глава во празната мрежа откако противничкиот голман погрешно го процени летот на топката.
На крајот, Гирона и Атлетико си поделија по еден бод во мечот кој заврши со резултат 2:2.