Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ спаси 5 меч топки и го победи Вердаско со 2:1 во сетови, односно 4:6, 7:6 и 6:3 во ½-финалето во Доха.
Во финалето ќе игра против подобриот од натпреварот Енди Мареј – Томас Бердих.
На почетокот гледавме одличен натпревар, неверојатна игра од Вердаско и освојување на првиот сет со 6:4.
Потоа во 2-от сет продолжи големата борба, па мораше да играат тај-брејк, во кој Вердаско имаше 5 меч топки, но не успеа да ги искористи.
Во третиот сет немаше поголема борба, односно Ѓоковиќ рутински го заврши натпреварот.