АТП Лондон: Тим по голема борба стигна до победа


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Доминик Тим со 2:1 го победи Гаел Монфилс во второто коло во група Б во Лондон.

    Во првиот сет беше видена само една брејк шанса, која беше искористена.

    Младиот Австралијанец во 6-от гејм успеа да направи брејк и да го реши првиот сет во своја корист со 6:3.

    Во вториот сет Французинот одигра многу подобро, односно победи со 6:1.

    Третиот сет беше сличен на првиот, повторно реши еден брејк. Повеќе концентрација имаше Тим кој во 10-от гејм ја искористи првата брејк топка и победи со 6:4.

    Во вториот натпревар од група Б играат Новак Ѓоковиќ и Милош Раониќ од 21:00 часот.