АТП Париз: Мареј стигна до 8-та титула оваа сезона


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Енди Мареј ја освои својата осма титула оваа сезона по победата против Џон Иснер со 2:1 во сетови во финалето на Мастерсот во Париз.

    Мареј со самиот пласман во финалето го обезбеди првото место на АТП листата од понеделник, па така денес играше без притисок, како и неговиот противник Иснер кој секако не очекуваше толку добар резултат во Париз.

    Откако Мареј го освои првиот сет со 6:3, во вториот сет беше видена многу борба, а Иснер го освои 2-от сет со 7:4 во тај-брејк.

    Последниот сет беше израмнет, но Мареј успеа да го направи првиот брејк во 10-от гејм и така стигна до титулата.

    На патот до трофејот Мареј беше подобар од Вердаско, Поуиле, Бердих, Раониќ и Иснер.