АТП Софија: Димитров се измачи, Тим поразен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска на програмата беа сите дуели од 1/8 финалето на турнирот во Софија.

Клизан очекувано и лесно го победи 225тиот тенисер на АТП листата Брендс кој доаѓа од Германија со 2:0 во сетови (7:6, 2:6)

Тенисерот од Луксембург, Милер со 2:0 го победи русинот Јужни (6:3, 7:5)

Очекувано и Троицки славеше против Хас со 2:1 во сетови, каде што првиот го загуби 6:2, но во следните 2 играше феноменално и ги доби со 4:6, и 6:7.

Се случи и изненадување, осмиот тенисер во светот, Доминик Тим не освои сет против грузиецот Басилашвили каде што загуби со 4:6 во двата сета, и Бугарската турнеја за него овде завршува.

Дарцис успеа да победи со 2:0 против италијанецот Сепи (6:3, 7:5)

Интересен дуел за гледање беше и дуелот на домаќинот Димитров против полскиот тенисер Јановиц, каде што Димитров и се изнамачи за да пристигне до 1/4 финалето. Првиот сет го загуби со 4:6, во вториот и третиот беше повеќе од одличен и со малку мака ги доби, славеше со 6:3 во вториот и 7:5 во третиот сет.

1/4 финалните двојки се следни:

Димитров – Троицки

Милер – Баутиста

Дарцис – Гофин

Клизан – Басилашвили