АТП Токио: Кириос без борба против Степанек, Милер и Монфилс сигурни!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Чешкиот тенисер Степанек го предаде натпреварот проти Кириос без борба во 1/8-финале. Искусниот 37-годишен тенисер не беше во состојба да излезе на теренот, а причина е повреда на грбот.

    Милер во својот натпревар беше подобар од Багдатис со 6:3 и 6:4.

    Меѓу најдобрите 8 се пласираше и Монфилс, со лесна победа против Симон со 6:1 и 6:4. Исто така и Карловиќ беше подобар од Типсаревиќ со 7:6 и 7:6.

    Турнирот во Токио се игра на тврда подлога за награден фонд од 1.386.605 долари.

    Вавринка нема да ја брани титулата бидејќи се повлече поради повреда на грбот.