АТП Ченгду: Прва титула за Хачанов


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Рускиот тенисер Хачанов на турнирот во Ченгду ја освои првата титула во кариерата.

    20-годишниот играч роден во Москва во своето прво АТП финале го победи Рамос со 6:7, 7:6 и 6:3.

    Качанов, 101-от тенисер претходно во ½-финалето, беше подобар од Троицки, а претходно ги победи уште и Лопез, Манарин и Соуза.

    Русинот од понеделник ќе биде повторно помеѓу 100-те најдобри во светот, а најдобар пласман имаше на 12 септември оваа година кога беше на 81-то место.