Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чешкиот тенисер Бердих ја одбрани титулата во Шензен и ја освои првата титула по 11 месеци.
Бердих до титулата стигна во 3 сетови против Гаске, со 7:6(7:5), 6:7(2:7) и 6:3.
Својата претходна титула Бердих ја освои во октомври минатата година во Стокхолм, а во Шензен ја подигна 13-та АТП титула во кариерата.
Дуелот помеѓу Бердих и Гаске не донесе многу возбудувања, бидејќи 2-та играа многу сигурно на свој сервис. Во прилог на тоа оди и фактот дека во текот на целиот натпревар беа видени само 2 брејк топки и тоа на Бердих, од кои тој искористи 1-на во последниот сет.