Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште пет натпревари се одиграа од 20-то коло во Бундеслигата.
Дармштадт на домашен терен ја победи Борусија Дортмунд со 2:1.
Росентал се закани на почетокот на натпреварот по голот на Бурки. Прво голманот на Дортмунд му одбрани, а во вториот обид ја погоди стативата.
Домашните во 21-ва минута со погодокот на Бојд стигнаа до водство. Неколку минути подоца Ројс од слободен удар ја погоди пречката.
Terrance Boyd Goal vs Borussia Dortmund (1-0) by wittyfu
Пред крајот на првото полувреме Гереиро го израмни резултатот.
Raphael Guerreiro Goal HD Darmstadt 1 1… by jason-pitt1
Чолак во второто полувреме го врати водството на Дармштадт. До крајот на натпреварот не се промени резултатот, па Дармштадт се радуваше, 2:1.
COLAK GOAL (2-1) Darmstadt – Borussia Dortmund… by zyhrijearifi
Баерн Минхен го победи Инголштадт на гости со 0:2.
Во првото полувреме не беа постигнати погодоци на натпреварот.
Седум минути пред крајот на натпреварот Левандовски немаше среќа бидејќи ја погоди пречката. Во 90-та минута Артуро Видал ја затресе мрежата на домашните за водство на баварците.
Arturo Vidal Goal HD – Ingolstadt 0-1 Bayern… by Livee1Goals
Конечните 0:2 ги постави Робен во 92-ра минута.
Arjen Robben Goal HD – Ingolstadt 0-2 Bayern… by taftadarka2016
Во останатите натпревари Менхангладбах на гости минимално го победи Вердер, 0:1, Леверкузен убедливо го совлада Франкфурт, 3:0 и Хамбургер изненадувачки го победи Лајпциг на гости, 0:3.
Баерн Минхен е лидер со 49 бода, седум повеќе од второпласираниот Лајпциг и четиринаесет повеќе во однос на Франкфурт кој е трет. Борусија Дортмунд се наоѓа на четвртата позиција со 34 бода и има исто бода со Хофенхајм кој има натпревар помалку.