Баерн го торпедираше Волфсбург и го презеде врвот во Бундеслигата за прв пат по 20 кола (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен одигра фуриозен натпревар против Волфсбург во кој славеше со огромни 6:0.

Високата победа на Баварците значеше и нивно враќање на врвот на табелата каде не беа уште о д 5. коло во Бундеслигата. Гнабри, Левандовски, Хамес, Милер и Кимих беа творци на големата победа по која Баерн се врати на првото место во Бундеслигата.

Борусија Дортмунд пак за малку ќе направеше од готово- вересија совладувајќи го Штутгарт во финишот на натпреварот.  Ројс во 62. минута го отвори резултатот со гол од белата точка, но по  девет минути Кемпф го израмни резултатот.

На следниот гол се чекаше до самиот финиш на натпреварот кога Пако Алкасер го совлада противничкиот голман во 84. минута. Пред последниот судиски свиреж, Кристијан Пулишиќ го постави конечниот резултат, 3:1.