Баерн и Јувентус водат битка за фудбалер на Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гркот би можел да ја напушти Рома, од како неговите настапи во Рома не останаа незабележани од страна на европските гиганти.

Манолас веќе четири години го носи дресот на Рома, каде е незаменлив во тимот на Еузебио Ди Франческо, но неговата ера во римскиот клуб би можела да заврши во зимскиот трансфер период.

Од порано е познато дека Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси сакаат да го доведат во своите редови, но Кориере дело Спорт тврди дека Јуветус  и Баерн се приклучиле во доведувањето на овој играч.

За овој развој на настаните се свесни и челниците на Рома, па затоа планираат да му го продолжат договорот и да ја зголемат откупната клаузула, која моментално изнесува 36 милиони евра, но сепак преговорите се движат тешко.

Да се присетиме дека Гркот минатата сезона одигра клучна улога во патот на „ Римската волчица“ до полуфиналето во Лигата на Шампиони.