Баерн на Анчелоти – 20:0!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што сезоната одминува, екипата на Карло Анчелоти делува се помоќно!

Каде што застана Пеп Гвардиола, продолжи Карло Анчелоти на клупата на Баерн, и тоа во голем стил.

Со синоќешниот убедлив старт во ЛШ и победата над Ростов од 5:0 на Алијанц Арена шампионот на Германија го потполни својот стопроцентен учинок од стартот на новата сезона.

Имено, после пет одиграни мечеви, на домашна и европска сцена, Баерн ги запиша сите пет победи, со импресивна гол разлика – 20:0!

Претходно во Бундеслигата Баерн го совлада Вердер со 6:0 и Шалке со 2:0, во Суперкупот беше подобар од Дортмунд со 2:0, а во купот ја декласираше Јена со 5:0 во гости.

Значи, во просек, четири гола по натпревар!