Баерн пронајде спектакуларна замена за Анчелоти?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Баерн Минхен бараат замена за поранешниот тренер Карло Анчелоти.

Анчелоти го доби отказот по поразот на Баерн на гостувањето кај ПСЖ во Лигата на Шампионите.

Баерн на тој меч не личеше на себе, а цехот го плати искусниот италијански стратег, кој заработи отказ.

Неговата замена може да израдува многумина, а се шпекулира за поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике.

Да потсетиме, шпанскиот стручњак е слободен откако ја напушти клупата на Барселона, а последните шпекулации беа дека тој може да замине во Кина.

Од друга страна, некои извори тврдат дека веќе е постигнат договор помеѓу него и управата на Баерн и дека управата  веќе ова му го соопштила на поранешниот тренер на баерн Пеп Гвардиола.

Наводно, се било договорено и новиот тренер ќе биде претставен наредната седмица. Останува, времето да покаже дали овие шпекулации се точни.