Баерн тешко но заслужено славеше на тешкото гостување во Гелзенкирхен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одигран е првиот меч од второто коло од германската Бундеслига каде што минхенски Баерн дојде до нова победа.

Во дербито на Бундеслигата Шалке го дочекува Баерн на својот терен и поприлично го намачи славниот ривал.

Се ибраше без голови се до 81 минута кога Роберт Левандовски реализираше фантастична асистенција на Хави Мартинез.

Кога Шалке тргна во финална офанзива, следеше контра на фудбалеритена Баерн и Џошуа Кимих со својот прв гол во оваа сезона за Баерн го постави конечниот резултат 0:2.