Бакајоко не сака да се врати во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Челси кој во моментов настапува во редовите на Милан како позајмен фудбалер, Тему Бакајоко истакна дека не сака да се врати во клубот од Лондон кога неговиот договор за позајмица ќе истече.

24 годишниот фудбалер по лошиот почеток на сезоната во Милан сега игра на далеку подобро ниво и еден од најдобрите играчи на тимот на Гатузо.

Во интервју за францускиот весник „Ница Матин“ Бакајоко истакна дека сака да остане долго во редовите на Милан.

„Милан е легендарен клуб. Кој не би сакал да остане во клуб како Милан на подолг период? Иако го кажувам ова, се уште сум под договор со Челси за следните три години. Се уште не одлучувам само јас“ –заклучи Бакајоко.