Балагуе: Леванте мора што побрзо да му понуди нов договор на Барди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски експерт и новинар на „Скај Спортс“, Гилием Балагуе го смести нашиот репрезентативец, Енис Барди меѓу најдобрите пет млади играчи во Ла Лига кои не настапуваат во Реал и Барселона.

Балагуе во специјализираното издание за шпанската лига не трошеше пофални зборови за Барди и истакна дека Леванте мора што побрзо да му го продолжи договорот со цел да се заштити од големите тимови кои со сигурност ќе тропнат на вратата на овој клуб.

„Енис Барди е звезда на тимот.  Леванте плати само 1.5 милиони фунти за потписот на македонскиот фудбалер кој дојде од Ујпешт. Тоа може да биде најдобриот и најевтиниот трансфер сезонава. Барди веќе постигна три гола на четири натпревари за клубот од Валенсија што го прави најдобар стрелец меѓу играчите од средниот ред во Ла Лига. Леванте мора да му даде нов договор со голема откупна клаузула затоа што нема да трае долго додека „предаторите“ почнат да се распрашуваат за него“- гласеше коментарот на Балагуе.

Енис Барди заедно со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Јаник Фереира Караско и легендарниот Жоакин се играчите од средниот ред кои се на врвот на листата на стрелци со по три постигнати погодоци.