Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Конторверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели ги откри имињата на најдобриоt и најлошиот менаџер со кого тренирал во неговата кариера.
Одговорот беше таков каков што се очекуваше. За него најдобар е Роберто Манчини, кој најмногу му даваше шанса за игра во Манчестер Сити.
„Најдобриот менаџер за мене е Роберто Манчини. Доста му должам. На второто место е Лусиен Фавр (Ница) и Жозе Мурињо. Португалецот е талентиран и мотивиран, штета што сега не му оди“, изјави Балотели, и исто така, го откри името на менаџерот кој не го сака.
„Најлош менаџер? Не е Јирген Клоп, не сум лут на него, но мораше да има повеќе трпение со мене. Најлошо ми беше со Брендан Роџерс. Уживав на тренинзите, имавме одлични односи, но на теренот беше вистинска катастрофга“, додаде Балотели.